Достапни линкови

Руски националисти упаднаа на проекција на филм за украинскиот конфликт


Архивска фотографија-лидерот на Југоисточниот радикален блок Игор Бекетов

Членови на руска националистича група оневозможија прикажување на филм во Москва за актуелниот конфликт во источна Украина. Документарниот филм требаше да биде прикажан денеска на фестивалот Артдокфест. Според извештаите неколку поединци испрскале течност во холот на киното по што присутните биле евакуирани. Лидерот на Југоисточниот радикален блок Игор Бекетов за агенцијата Интерфакс рекол дека тој бил меѓу тројцата кои полицијата ги приведе по инцидентот. Во борбите меѓу украинските владини сили и сепратистите поддржани од Русија од април 2014 година досега загинаа повеќе од 10 000 луѓе.

XS
SM
MD
LG