Достапни линкови

Трамп со заложби за еднаквост и против расизмот


Архивска фотографија-претседателот на САД Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се заложи против расизмот и еднаквоста на отворањето на музејот за граѓански права во Џексон, град кој се наоѓа во американската сојузна држава Мисури. Настанот беше бојкотиран од градоначалникот и други граѓански организации.

Сакаме нашата земја да биде место во кое секое дете без разлика на потеклото да може да расте без страв и омраза, опкружено со љубов, различни можности и надеж, рече Трамп. Неговото доаѓање на повик на гувернерот Фил Брајант предизика критики и бојкот. Според градоначалникот на Џексон доаѓањето на Трамп е свртување на вниманието бидејќи како што рече тој досега не покажал дека е приврзаник на идејата за граѓански права.

Градот Џексон е симбол на борбата за човекови права, а музејот е посветен на личности и борци за таквите права како Мартин Лутер Кинг и Медгар Иверс кој во 1963 година беше убиен во тој град од белец супрематист.

XS
SM
MD
LG