Достапни линкови

Русија ги отфрли обвинувањата од САД за прекршување на договор од Студената војна


Архивска фотографија-Заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рабјаков

Русија одговори на обвинувањата од Соединетите Американски Држави дека Москва ги прекршува одредбите од важниот договор за вооружување од Студената војна. Заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рабјаков во соопштение објавено вчера наведува дека обвинувањата биле апсолутно неосновани.

Неговата реакција следува ден откако САД наведе дека ќе преземе воени и економски мерки против Москва како одговор на зголемените тензии поврзани соруските ракети за кои Вашингтон тврди дека го нарушуваат заедничкиот договор за нуклеарно вооружување со среден дострел.

Со договорот стар околу 30-тина години се елиминираше цел вид на крстосувачки и балистички ракети во Европа. САД првпат формално ја обвини Русија за развивање на ракети спротивно на договорот во 2014 година, но во разузнавачките извештаи се наведе дека системот бил во изработка неколку години пред тоа.

XS
SM
MD
LG