Достапни линкови

Украинската опозиција на протест, бара ослободување на Саакашвили


Илустрација-полицајци пред затворот во кој во притвор е Михаил Саакашвили, 08.12.2017

Украинци денеска маршираат низ центарот на Киев со барања за ослободување на опозицискиот лидер Михаил Саакашвили од притвор и за импичмент на претседателот на Украина Петро Порошенко. Повеќе од 2000 луѓе се собраа во паркот Шевченко во главниот украински град и ќе маршираат до Плоштадот на независноста.

Сопругата на Саакашвили, Садра е меѓу учесниците на маршот. Насобраните планираат потоа да отидат пред затворот во кој во притвор се наоѓа лидерот на движењето Нови сили. Поранешниот грузиски претседател е притворен од украинските власти од 8 декември под сомнение за помагање на криминална организација.

XS
SM
MD
LG