Достапни линкови

Нема проширување на преговарачкиот тим на средбата со Нимиц


Илустрација-Премиерот Зоран Заев и владин тим на консултации со преговарачот Васко Наумовски

Информацијата пренесена на повеќе медиуми во врска со учеството на повеќе лица во процесот на преговорите за името, надвор од преговарачкиот тим е неточна, изјавиле за МИА од македонското министерство за надворешни работи.

Како што и претходно во неколку наврати беше посочено од МНР, во Брисел на 12 декември 2017 на преговорите за надминување на разликите за името ќе присуствува преговарачот Васко Наумовски, амбасадор на Република Македонија во САД заедно со дипломат од МНР. Истиот формат кој е договорен со преговарачот Метју Нимиц ќе биде и од грчката страна, односно преговарач плус дипломат, пренесува МИА.

“Владата на Република Македонија ќе ги информира медиумите, а со тоа и јавноста за понатамоошните чекори за ова важно и чувствително прашање кое е од највисок државен интерес” велат од МНР.

Во повеќе медиуми вчера беше објавено дека на македонскиот преговарач Васко Наумовски во разговорите за името ќе му се приклучат и професорот по меѓународно право Тони Десковски и професорот на универзитот на Југоисточна Европа, Ветон Љатифи.

XS
SM
MD
LG