Достапни линкови

Прослава во Багдад за победата врз Исламска држава


Архивска фотографија-премиерот на Ирак Хајдер ал-Абади

Во таканаречената зелена зона во главниот град на Ирак, Багдад денеска се одржува воена парада со која се прославува победата врз Исламска држава, соопшти портпаролот на ирачката војска.

Ирачкиот премир Хајдер ал-Абади вчера соопшти дека земјата е целосно ослободена од Исламска држава и дека ирачките војници сега имаат целосна контрола врз ирачко-сириската граница. Ирачката влада поддржана од меѓународната коалиција предводена од САД во 2014 година почна со кампања против милитантите од ИД кои имаа заземено една третина од територијата на Ирак.

Минатиот месец ирачките сили ја преземаа контролата и врз последниот град контролиран од ИД во близина на сириската граница, а во следните недели продолжија операциите за чистење на областа.

XS
SM
MD
LG