Достапни линкови

Судири во близина на амбасадата на САД во Бејрут


Илустрација- демонстранти палат фотографии со претседателот на САД на протест во Пакистан, 06.12.2017

Либанските безбедносни сили денеска употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите кои се собраа во близина на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Бејрут, јавуваат светските агенции. Тие протестираат против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Во Либан живеат стотици илјади палестински бегалци.Трамп одлуката ја донесе на шести декември. Во резолуцијата усвоена на вонреден состанок Арапската лига го осуди потегот на американскиот претседател.

Денеска протести се одржуваат пред американската амбасада и во индонезискиот главен град Џакарта, а слични активности се организираат и во други градови низ земјата.

XS
SM
MD
LG