Достапни линкови

Џонсон на средба со Рохани во обид за ослободување на британска државјанка


Техеран-Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон се сретна со неговиот ирански колега,09.12.2017

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска треба да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани во рамки на напорите за ослободување на жената со британско и иранско државјанство која е во затвор во Техеран.

Џонсон пристигна во Иран вчера и се сретна со неговиот ирански колега Мохамед Зариф за да лобира за ослободување на Назанин Захари-Ретклиф која е уапсена во април 2016 година.Таа е осудена на пет години затвор за наводно планирање на уривање на иранската влада додека била во земјата заедно со нејзиното бебе. Џонсон не даде изјава по двочасовната средба со Зариф, но неговиот кабинет ја опиша како конструктивна.

Во Иран има неколку странски државјани кои се обвинети за шпионажа, а многумина од нив се Иранци со двојно државјанство. Захари-Ретклиф е менаџер на проекти во фондацијата Томсон-Ројтерс. Таа ги негираше сите обвинување и тврди дека во посета на Иран била приватно, а и фондацијата наведе дека за време на посетата таа не била на задача.

XS
SM
MD
LG