Достапни линкови

Состанок на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ за одлука за вонреден изборен конгрес


Илустрација-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ попладнево, како што јавија повеќе медиуми, треба да одржи состанок. Минатата недела Извршниот комитет му предложи на Централниот комитет организирање на вонреден конгрес на партијата на 23 декември на кој би требало да се избере нов претседател на партијата.Ваквиот развој на настаните следува откако Никола Груевски, кој ја води ВМРО-ДПМНЕ од 2003 година, најави дека ќе си поднесе оставка од партиската лидерска позиција.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ има околу 130 члена, претставници на општински комитети, пратеници и други партиски тела. Ако го прифати предлогот на Извршниот комитет, тогаш централниот треба да почне со подготовки на вонредниот конгрес. Бидејќи е вонреден на него за нов лидер ќе гласаат истите делегати од претходниот редовен конгрес кој се одржа во 2015 година во Куманово.

Засега повеќе имиња се споменуваат како кандидати за нов партиски претседател. Поранешниот директор на државниот архив Филип Петровски потврди дека ќе се кандидира, а и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски рече дека постои опција да влезе во трката. Во јавноста се спомнуваат имиња на можни претенденти за највисоката партиска позиција, како поранешните министри Никола Попоски, Никола Тодоров и Антонијо Милошоски, пратениците Илија Димоски и Владимир Ѓорчев.

XS
SM
MD
LG