Достапни линкови

Времето денеска сончево со температура до 10 степени


Илустрација

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Изутрината ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови од земјата. Повремено засилен ветер ќе дува на југоистокот. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови од земјата се очекува од среда кон четврток.

XS
SM
MD
LG