Достапни линкови

Светските сили ги предупредија Иран и Саудиска Арабија да не се мешаат во Либан


Париз-либанскиот премиер Саад Харири на прес конференција по средбата со претставниците на светските сили,08.12.2017

Светските сили ги притискаат Саудиска Арабија и Иран да престанат да се мешаат во либанската политика и го повикаа иранскиот сојузник Хезболах да престане со своите воени активности во соседните земји. Меѓународната група за поддршка на Либан, тело во кое се вклучени петте постојани членки на Советот за безбедност, Британија, Кина, Франција, Русија и САД се сретнаа во Париз вчера со либанскиот премиер Саад ал-Харири. Средбата е обид да му се помогне на Харири во подигнувањето на разришаната владина коалиција. Кризата се зголеми откако Харири минатиот месец, додека беше на пат во Саудиска Арабија, објави дека поднесува оставка наведувајќи дека се плаши од атентат и ги обвини Иран и Хезболах. По меѓународниот притисок и преговори меѓу либанските фракции, Харири ја повлече одлуката за оставка и на петти декември неговата коалиција ги повтори ставовите за останување надвор од конфликтите меѓу арабските држави.

XS
SM
MD
LG