Достапни линкови

Џонсон во Иран да издејствува ослободување на британската државјанка


Архивска фотографија-британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон пристигна денеска во Техеран, јавуваат иранските медиуми. Аналитичарите наведуваат дека тој ќе се обиде да издејствува ослободување на британката со иранско потекло Назанин Захари Ретклиф. Таа во јануари беше осудена на пет години затвор под обвинение за шпионажа и работата против владата. Уапсена е во април 2016 година.

Изјавата на Џонсон во британскиот парламент минатиот месец предизвика сооштение од иранските власти во кое тие наведоа дека тој потврдил дека Захари Ретклиф, која во Иран била на одмор со своето бебе, ги обучувала новинарите во земјата. Таа работела во Лондон како менаџер на проекти на агенцијата Томсон Ројтерс, а Иран не го признава двојното државјанство. Планирано е Џонсон да се сретна со својот ирански колега Мохамед Зариф, потпретседателот Али Акбар Салехиј и претседателот Хасан Рохани.

XS
SM
MD
LG