Достапни линкови

Законот за јазици в понеделник на собраниска комисија


Архивска фотографија-претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби

Седницата на комисијата за европски прашања на која на дневен ред е второто читање на Предлог законот за употреба на јазиците е закажана за в понеделник во 11 часот, објавено е на официјалната страница на Собранието на Република Македонија.

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања Артан Груби кон крајот на ноември ја одложи расправата за законот со образложение дека го сторил тоа за да не се дефокусира јавноста од итните прашања и по неговата процена дека таа недела била многу значајна за други реформски прашања.

Одложувањето следуваше ден откако еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по средбите со политичарите во Скопје рече декавладата и другите фактори во земјата треба да се фокусираат врз законите и условите кои се релевантни за добивање препорака, а дека Законот за употреба на јазиците не е дел од она што е договорено во овој контекст.

Инаку минатиот месец пратениците изгласаа предлог-законот за употреба на јазиците да оди на второ читање, а за него потоа беаподнесени 90 амандмани, од кои 84 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од Беса.

XS
SM
MD
LG