Достапни линкови

Борисов-да се обединиме и да помогнеме за решавање на прашањето за името


Архивска фотографија-бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Грција, Алексис Ципрас и на Романија, Михај Тудосе рече дека прашањето за името меѓу Македонија и Грција мора да го решат.

“Мора да се обединиме и да и помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат некакви ултиматуми”рече Борисов.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак на истата прес конференција рече дека очекува во 2018 година да се случи пресврт пошироко на Балканот, но и да има позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија доколку, како што вели, Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред.

“Како што рече и мојот пријател Борисов прашањето за Скопје можеби во 2018 година ќе донесе некои позитивни случувања доколку новата Влада во Скопје одлучи да направи позитивни чекори напред и кон решавање на тој проблем. Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение” рече Ципрас.

Денешната средба во Белград на четворицата политичари беше во рамкина Високиот совет за соработка меѓу четирите држави.

XS
SM
MD
LG