Достапни линкови

Ирак ја прогласи војната со ИД за завршена


Архивска фотографија-ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади

Официјален Багдад соопшти дека војната со Исламска држава во Ирак е завршена. Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади денеска на прес конференција во Багдад рече дека војската на Ирак сега во целост ја контролира и раководи со сириското-ирачката граница. Во таа погранична област беа последните упоришта на Исламска држава. Оваа изјава доаѓа по два дена откако руската војска соопшти дека ја завршила мисијата за уништување на милитантите од ИД во соседна Сирија.

XS
SM
MD
LG