Достапни линкови

Бабиш-Брисел може да поведе тужба за мигрантската политика


Архивска фотографија-мандатарот за состав на новата чешка влада Андреј Бабиш

Мандатарот за состав на новата чешка влада Андреј Бабиш денеска рече дека Европската унија не треба да врши притисок врз Чесите поради нивното одбивање да примат мигранти бидејќи со тоа само ќе се засилеле екстремистичките партии. Европската комисија најави тужба до Европскиот суд за правда против Полска, Унгарија и Чешка поради одбивањето да примат азиланти. Случаите пред судот може да бидат завршени со финансиски казни, но потребни се месеци или години за нивно завршување.

Бабиш, чија влада до 13 декември треба да ја одобри претседателот Милош Земан го потврди ставот на неговата земја за мигрантите. Во интервју за чешкиот весник Право, тој рече дека Европската комисија во секој момент може да поведе тужба, но дека мораат да преговараат за тоа и да понудат различни модели, како осигурување на границите или помош на други држави, но дека не сакаат бегалци.

XS
SM
MD
LG