Достапни линкови

Двајца загинати при воздушни напади во Појасот Газа


Илустрација-демонстрант со знамето на Палестина по одлуката, 07.12.2017

Двајца припадници на палестинското радикално Исламско движење на отпорот (Хамас) загинаа денеска при израелски воздушни напади во централниот дел на Појасот Газа. Воздушните напади на израелската Армија врз цели во Појасот Газа претставуваат одговор на трите истрелани ракети од оваа палестинска енклава кон територијата на Израел, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за израелски главен град.

Во соопштението на Вооружените сили на Израел се наведува дека цели на воздушните напади биле четири објекти на Хамас, кои биле користени како воени магацини и погони за производство на оружје. Како одговор на ракетните напади израелски авиони вчера бомбардираа камп за обука и складиште за муниција на Хамас во Појасот Газа. Според палестински извори, при овие напади биле ранети најмалку 15 лица.

Израелските безбедносни сили вчера убија двајца демонстранти, кога отвориле оган врз групи Палестинци кои протестираа во Појасот Газа крај границата со Израел, поради одлуката на Вашингтон. При инцидентите се повредени уште најмалку 16 лица.

XS
SM
MD
LG