Достапни линкови

Сакашвили почнал штрајк со глад


Поранешниот грузиски претседател при обидот за негово приведување во Украина

Украинскиот опозиционер и поранашен грузиски претседател Михаил Сакашвили почнал штрајк со глад, кажа денеска пред новинарите неговиот адвокат. Тој ја прочита содржината на писмото на Сакашвили во кое ги повикува своите приврзаници на протест в недела во Киев на кој ќе побараат оставка од актеулниот украински претседател Петро Порошенко. Портпаролот на државното обвинителство на Украина рече дека за Сакашвили ќе побараат домашен притвор. Украинската служба за безбедност доцна синоќа успеа да го уапси Сакашвили по неодамнешниот неуспешен обид. Главниот обвинител Јуриј Лученко рече дека украинскиот опозиционер е обвинет за обид за државен удар со поддршка од Русија. Стотини демонстранти во Киев неделава ги спречија полицајците да го уапсат политичарот кој потоа ги предводеше на проест пред парламентот во Украина.

XS
SM
MD
LG