Достапни линкови

Лавров-заканите на САД за повлекување од договорот со Иран ја загрижуваат Северна Кореја


Виена-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на самит на ОБСЕ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека американските закани за повлекување од нуклеарниот договор со Иран им штетат на напорите за завршување на нуклеарната криза во Северна Кореја. Лавров на самитот во Виена вчера рече дека во неговите разговори со Пјонгјанг увидел дека кај нив имало волја за преговори со кои би се намалила можноста од ескалација на кризата, но дека се сомневаат дали Вашингтон ќе се придржувал до каков било договор во светло на тоа што се случува со Иран.

Лавров ова го кажа на маргините на самитот на ОБСЕ кој се одржуваше во Виена. Тој додаде дека Северна Кореја имала потреба од безбедносни гаранции особено кога, како што рече, Вашингтон размислува за повлекување од иранскиот нуклеарен договор.

По состанокот со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на седми декември Лавров рече и дека Москва е спремна да посредува во преговори меѓу Вашингтон и Пјонгјанг и во исто време ги обвини САД за придонесување во зголемување на тензиите.

XS
SM
MD
LG