Достапни линкови

Времето денеска-претпладне сончево, попладне дожд


Илустрација

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи од минус два до четири, а максималната од седум до 14 степени.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачноста, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела ќе има услови да поминуваат во дожд и снег. Но ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура се очекува да достигне до13 степени.

XS
SM
MD
LG