Достапни линкови

Путин во ист ден во посета на Турција и на Египет


Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на средба во Сочи на 22 ноември 2017

Рускиот претседател Владимир Путин, кој веќе има закажано посета на Египет на 11 декември, истиот ден ќе патува и во Турција, каде што ќе разговара со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Двајцата претседатели ќе разговараат за билатерални прашања, вклучувајќи ги и заедничките енергетски проекти, како и конфликтот во Сирија и пошироката ситуација на Блискиот Исток, соопшти Кремљ.

Повикувајќи се на неименуван извор близок до Ердоган, Ројтерс објави дека ќе се разговара за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го призне Ерусалим за главен град на Израел.

Во најавата за посетата на Египет, пак, Кремљ вчера соопшти дека Путин и претседателот Абдел Фатах ал-Сиси меѓу другото ќе разговараат за стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток.

Египет, Турција и Русија ја осудија најавата на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

XS
SM
MD
LG