Достапни линкови

Многу убиени и десетици загинати мировници на ОН во ДР Конго


Архивска фотографија: Мировници на ОН во ДР Конго во 2012 година

Голем број мировници на ОН биле убиени и ранети во нападот на истокот на Демократската Република Конго, соопшти Жан-Пјер Лакроа, потсекретар за мировни операции на ОН. Тој денеска на Твитер напиша дека на местото на нападот пристигнало засилување и оти се изведува медицинска евакуација. Напаѓачите сè уште не се идентификувани.

Тој не го прецизира бројот на загинати, но новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на анонимни претставници на ОН, објави дека 14 мировници загинале, а повеќе од 40 се повредени во синоќешниот напад во провинцијата Северно Киву.

Мировниците на ОН се распоредени во земјата од 1999 година. Во мисијата има 21 илјади војници, полицајци и цивилен персонал.

XS
SM
MD
LG