Достапни линкови

Деветмина побарале лекарска помош откако биле каснати од куче во Ново Лисиче


Илустрација

Девет луѓе побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести откако синоќа биле каснати од куче во Ново Лисиче, информираат од Клиниката. Лекарите посочуваат дека на тие што не биле вакцинирани им била дадена вакцина тетанус, по што биле пуштени на домашно лекување.

Во МВР биле пријавено дека ноќеска биле каснати од куче шест луѓе, од кои две жени и четири деца на возраст од 10 до 14 години. Нападите се случиле синоќа меѓу 22 часот и 2 часот по полноќ.

Во Анима мунди велат дека нападот го извршило расно куче, а вината ја лоцираат во неодговорните сопственици кои го пуштиле на слобода.

Од општина Аеродром информираат дека надлежните органи работат на лоцирање на кучето.

XS
SM
MD
LG