Достапни линкови

Џафери учествуваше на Парламентарно безбедносен форум во Вашингтон


Претседателот на Собранието Талат Џафери средба со конгресменот на САД Роберт Питинџер

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана на американскиот конгресмен Роберт Питинџер, учествуваше на Парламентарно безбедносниот форум кој се одржа во Конгресот на САД во Вашингтон каде учествуваа претседатели на собранија, пратеници, министри и експерти во областа на спречување и финансирање на тероризам и перење пари.

Во фокусот на дебатата беа повеќе теми од оваа област, меќу кои законската рамка за превенција и борба против финансирањето на тероризмот и перењето пари, важноста на споделување на информации меѓу државите, како и предизвиците кои произлегуваат од брзиот технолошки развој.

Во однос на Западниот Балкан било истакнато дека мора да делува како целина за да се справи со предизвиците и оти токму затоа е потребна интеграција во НАТО.

XS
SM
MD
LG