Достапни линкови

Турција нареди апсење на десетици осомничени членови на ФЕТО


Архива - Пропадник на турските безбедносни сили.

Турските власти денеска издадоа наредба за апсење на 56 осомничени членови на групата ФЕТО на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, објавуваат турските медиуми.

Истрагата се спроведува по наредба на главното Обвинителство во Истанбул, а освен во Истанбул акцијата се спроведува и во областите Адана, Анкара, Ајдин, Бингол, Хатај и други. Досега уапсени се десетици лица кои се осомничени дека користеле мобилна апликација за подготовка и спроведување на минатогодишниот државен удар.

XS
SM
MD
LG