Достапни линкови

Тилерсон: Украина е пречка за затоплување на односите со Русија


Виена: Државниот секретар на САД Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Лавров. 07.12.2017

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека најголемиот проблем кој го спречува затоплувањето на односите меѓу Русија и САД е руската агресија во Украина.

Зборувајќи на состанокот со европските министри за надворешни работи во Виена, Тилерсон рече дека САД нема да ги укинат санкциите против Русија додека не ги повлечат своите сили надвор од источна Украина и Крим.

„Прашањето кое стои на патот е Украина“, рече Тилерсон на прес-конференција по состанокот на ОБСЕ со министрите.

XS
SM
MD
LG