Достапни линкови

Димитров на Министерски совет на ОБСЕ во Виена


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на 24. Министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува во Виена. Од МНР соопштија дека на Министерскиот совет се дискутирало за активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици со кои се соочува ОБСЕ регионот, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици. „Треба да соработуваме и да ја имаме пред нас во вид повисoката цел. Но, пред сè, како што и Македонија научи на потешкиот начин, преку сопствената неодамнешна политичка криза, не смее да има поинаква алтернатива на нашите заеднички вредности: заштита на човековите права, основните слободи и демократските норми, економска слобода и одговорност“, рече Димитров во обраќањето.

XS
SM
MD
LG