Достапни линкови

Атина и Анкара сакаат подобри односи


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Алексис Ципрас, Атина, 07.12.2017.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Алексис Ципрас изразија желба да ги надминат историските разлики и да соработуваат пред се во областа на бегалците и економијата. „Сакам да ве повикам да отвориме ново поглавие на грчко турските односи кое нема да биде засновано врз провокации, туку врз изградба на мостови меѓу двете земји“, изјави Ципрас по двочасовните разговори со Ердоган кој престојува во посета на Грција. Според Ципрас, одбивањето на ваквиот повик би имало последици не само врз грчко турските односи, туку и врз Европа.

XS
SM
MD
LG