Достапни линкови

Меѓународна критика, протести и тензии по одлуката на Трамп за Ерусалим


Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел предизвика протести кај Палестинцитe, спорадични судири и ги покрена стравувањата за нови крвопролевања во регионот. Десетици луѓе се повредени при судирите со полицијата во Западниот брег. Новинските агенции јавуваат дека во Газа неколкумина Палестинци се ранети од испукани гумени куршуми од израелската полиција. Полицијата за разбивање на протестите користела и солзавец. Во меѓувреме израелската војска соопшти дека две ракети биле испукани во правец кон Израел од појасот Газа.

Медиумите во Јордан јавуваат дека студенти и академици се собрале во неколку универзитети каде што извикувале слогани кои упатуваат на „арапскиот и исламскиот идентитет“, на Ерусалим кој се смета за свето место за евреите, муслиманите и христијаните. Протести има и во Тунис и Пакистан каде демонстранти со палестински знамиња во раце протестираат против одлуката на американскиот претседател. На дел од тие протести биле запалени американски и израелски знамиња, јавуваат медиумите.

Статусот на Ерусалим е едно од најчуствителните прашања во израелско-палестинскиот конфликт.

Сојузниците на САД, Германија, Саудиска Арабија, Велика Британија и Европската Унија ја осудија одлуката на Трамп и посочија дека со неа ќе се отежне преговарачкиот процес во тој регион.

Саудиска Арабија смета дека дека таа е „неодговорна“ и дека ќе предизвика драстигна регресија во напорите за пробивање на мировниот процес.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел истакна дека тој потег додава само „гориво во оганот“ и дека очекува ескалирање на конфликтот.

Во меѓувреме портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планираат да разговараат за тоа како овој потег ќе влијае врз блискоисточниот мировен процес.

XS
SM
MD
LG