Достапни линкови

Во тек е рочиштето за предметот „Насилства во Центар“


Архива: Поранешниот премир Никола Груевски, пред Кривичниот Суд за предметот „Насилствата во Општина Центар.“

Во Кривичниот суд во тек е рочиштето за предметот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинети се 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Тие се теретат за поттикнување на насилство на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Рочиште за случајот во Кривичниот суд се снима со камера.

На претходните рочишта вина за настаните признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО во доказната постапка да може да се користат снимките од прислушуваните разговори.

XS
SM
MD
LG