Достапни линкови

Џафери оствари средби со американски конгресмени


Претседателот на Собранието Талат Џафери на средба со конгресменот на САД Роберт Питинџер.

Претседателот на Собранието Талат Џафери е во работна посета на САД каде оствари одвоени средби со конгресмените Роберт Питинџер, Роберт Адерхолд и Дејв Трот.

Конгресменот Питинџер е домаќин на Парламентарно безбедносниот форум, а Џафери го информирал за законските измени со кои се санкционира учеството на македонски граѓани во странски воени формации, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Соговорниците констатирале дека САД и Република Македонија се наоѓаат на иста страна во борбата против тероризмот во светот, владеењето на праворто, слободата на говорот и независноста на институциите како фундамент за градење здраво демократско општество.

На средбаа со конгресменот Адерхолд, кој е член на американската конгресна група пријатели на Македонија, тие зборувале за општиот политички дискусрс по трансферот на власа, а Џафери му ги претставил приоритетите на Македонија за исполнување на реформските процеси.

XS
SM
MD
LG