Достапни линкови

Москва: американски разузнавачки агенции „врбувале“ руски новинари


портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова

Официјална Москва ги обвини американските разузнавачки агенции за обид да регурутираат руски новинари кои работат во Соединетите држави. „Руски новинари, вклучувајќи ги и оние кои работат во САД се најдоа под зголемен притсиок од специјалните агенции, во обид да бидат „регрутирани“, изјави за руските медуими портпаролот на Министерството за надворешни работи Марија Захарова, додавајќи: „Ова е агресија не само врз Русија, туку и врз слободата на изразување во светот“. Според Захарува, една руска новинарка на која не и го наведува името, била под притисок да работи за американските разузнавачки служби. Тоа било правено со психолошки методи и поткуп.

XS
SM
MD
LG