Достапни линкови

Амбасадите на САД на Блискиот Исток и во Европа со предупредување до американските граѓани


американскиот претседател Доналд Трамп

Амбасадите на САД на Блискиот Исток и во Европа ги предупредија своите граѓани кои патуваат или живеат на тие простори на можност од насилни протести откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го признава Ерусалим како главен град на Израел. Ваквата одлука на Трамп беше осудена од земјите на Блискиот Исток со оценка дека таа ќе отвори пат за нови тензии и конфликти. Трамп вчера објави и тоа дека му наложил на Стејт департментот да почне подготовки за преселба на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

XS
SM
MD
LG