Достапни линкови

Џафери - Палмер: Интеграцијата во ЕУ и НАТО е врвен приоритет


Parliament Speaker Talat Xhaferi at the meeting with Matthew Palmer. 06.12.2017

Интеграцијата во НАТО и ЕУ останува врвен државен, политички и стратешки приоритет на Република Македонија, а Парламентот се приклучува кон заложбите за реформските процеси кои се приоритет на парламентарното мнозинство и на сите политички чинители, при што од суштинско значење е и конструктивноста на опозицијата, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со директорот на Канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт департментот Метју Палмер.

На средбата Палмер истакнал дека САД се грижат за демократските процеси и владеењето на правото во Македонија, бидејќи, како што рекол, во неа гледаат партнер кој и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат.

Џафери е во работна посета на САД, а во соопштението по средбата стои дека и двајцата се согласиле дека судската власт треба да биде независна и транспарентна во донесувањето на одлуките и да води сметка за интересот на државата.

XS
SM
MD
LG