Достапни линкови

Милер бара од Дојче банк податоци за сметките на Трамп


Специјалниот американски советник Роберт Милер

Специјалниот американски советник Роберт Милер побарал од германската Дојче банк податоци за сметките на претседателот Доналд Трамп и неговото семејство, јавуваат медиумите, цитирајќи луѓе блиски до истрагата. Се прецизира дека Милер пред неколку недели побарал информации за парите и кредитните трансакции на Трамп во оваа најголема германска банка. Адвокатот на Трамп, Џеј Секулов ваквите наводи ги оцени за „лажни“. Од Дојче банк која вообичаено ги отфрла ваквите барања, повикувајќи се на законите за заштита на приватноста изјавија дека немаат намера да ги коментираат наводите. Милер истражува дали имало руски обиди за влијание врз претседателските избори во САД лани и можни врски меѓу изборниот штаб на Доналд Трамп и руски претставници.

XS
SM
MD
LG