Достапни линкови

Москва ќе го разгледа учеството на Зимската олимпијада


Руски спортисти на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, 07.02.2014.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија Александар Жуков изјави дека на руските спортисти ќе им треба време за да разгледаат дали ќе учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјончанг. Меѓународниот окимписки комитет вчера го суспендира Олимпискиот комитет на Русија од Олимпијадата во Јужна Кореја, но на руските спортисти им е дозволено да учествуваат на Игрите. Тие ќе можат да се натпреваруваат како неутрални спортисти под името „Олимпијци од Русија“, без државно знаме и химна. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека би било понижувачко спортистите на таа земја да се натпреваруваат без националните симболи.

XS
SM
MD
LG