Достапни линкови

Трамп ќе соопшти преселување на амбасадата на САД во Ерусалим


претседателот Доналд Трамп

Висок американски официјален претставник изјави дека претседателот Доналд Трамп денеска ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел. Одлуката, според оценките, би можело да предизвика насилства на Блискиот Исток. Трамп ќе соопшти и дека наредил подготовка на план за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Процесот, според очекувањата, би траел три до четири години. Трамп исто така ќе потпише и документ со кој засега се одлага селењето на амбасадата се додека американските дипломати не ги подготват сите неопходни документи. Повеќе земји не го признваат суверенитетот на Израел врз целиот Ерусалим кој е свето место за евреите, мулсиманите и христијаните.

XS
SM
MD
LG