Достапни линкови

Албанија побара помош од НАТО поради последиците од поплавите


Властите од Албанија побарале од НАТО помош за справување со последиците од поплавите во почетокот на месецот. Тоа го објавија албански медиуми цитирајќи писмо објавено на сајтот на Алијансата. Евроатлантскиот Координацискиот центар за реакции при природни непогоди и катстрофи ја добил вчера молбата.

Во писмото се нагласува дека дождовите во Албанија од почекот на месецот биле најобилни во историјата откако се објавуваат податоци.

Под вода е територија со плоштина од 15.000 хектари. Албанските власти наведуваат дека се нанесени штети врз 41 фирма, 177 училишта, 78 мостови, 26 електростаници и други инфраструктурни објекти. Албанските власти бараат партнери од НАТО да достават помош во храна, лекови, механизација, генератори, пумпи како и облека.

XS
SM
MD
LG