Достапни линкови

Рама: Проклетството на Балканот - кога ние сме добро, ЕУ има проблеми


Земјите од Западен Балкан денес се во многу подобра состојба отколку во 90-те години, а сега Европската унија е таа која има проблеми, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

„Тоа е како некој вид балканско проклетство. Кога ЕУ беше во најдобра состојба, ние бевме во најлоша. Сега, кога ние сме во најдобра состојба, ЕУ има проблеми, рече Рама на конференцијата во организација на групата Пријатели на Европа во Брисел”.

Тој оцени дека регионот конечно се сврте кон помирување и соработка, на основа на стандардите и барањата на ЕУ како „водечка сила“.

„Балканот воопшто, особено Албанија, сака да напредува, но доколку перспективата на членствата на ЕУ бледнее или станува илузија, тогаш работите можат да тргнат во погрешна насока,“ рече Рама.

Тој додаде дека и Русија и Кина имаат многу да понудат и дека се обидуваат да ги придобијат балканските земји.


XS
SM
MD
LG