Достапни линкови

Членовите на ДИК ќе вратат четири плати или ќе ги донираат


Членовите на ДИК денеска одржаа седница на која потенцираа дека одлуката за надоместок за изборите за нив, за стручната служба и други ангажирани лица е законска, според член 19 од Изборниот законик и Правилникот на Комисијата. Тие истакнаа дека од распишувањето на изборите до нивното завршување за нив нема работно време, ниту празници, ниту викенди... Одлуката, според нив, е целосно оправдана и поради тоа што во одредени околности во опасност бил и нивниот живот.

На седницата беше донесен заклучок секој индивидуално да реши дали средствата што се добиени како надоместок ќе ги врати или нема. Членовите на ДИК, иако сметаат дека ги заслужиле, како што посочија, поради судот на јавноста ќе ги вратат четирите плати во буџетот или ќе ги донираат.

Имајќи ги предвид забелешките за транспаретноста, во заклучокот се задолжуваат службите на ДИК на веб-страната да бидат ставени сите необјавени одлуки што ги донела Комисијата.

XS
SM
MD
LG