Достапни линкови

Трамп разговараше со Нетанјаху и Абас за Ерусалим


Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, палестинскиот претседател Махмуд Абас и саудискиот крал Абдула, соопшти Белата Куќа, а пренесе Ројтерс. Намерата на Соединетите Држави да ја преселат својата амбасада во Ерусалим или да го признаат тој град за престолнина на Израел, предизвика нови тензии на Блискиот Исток. Палестинците планираат да прогласат главен град на независна Палестина во источниот дел од Ерусалим и се закануваат дека ќе ги прекинат контактите со американската администација, додека лидерите на Хамас повикуваат на народен отпор за да се спречи „заверата“, како што ја нарекоа.

XS
SM
MD
LG