Достапни линкови

Поранешен романски министер осуден на пет години затвор за земање поткуп


Поранешниот романски министер за внатрешни работи Кристијан Давид денеска беше осуден на пет години затвор поради поткуп од 500 илјади евра. Давид беше министер за внатрешни работи во периодот 2007-2008 година во владата на Калин Попеску Таричану. Приведен беше во 2015 година од Националната дирекција за борба со корупција под обвинение дека зел поткуп и перење пари. Антикорупционерите тврдат дека во 2007 година како министер тој побарал и добил мито од 500 илјади евра за да влијае врз перфектот на округот Бузау во врска со определување право на сопственост врз спорен терен од 15 хектари во градот Бузау.

XS
SM
MD
LG