Достапни линкови

Шест мртви во експлозија на бомба во Пакистан


Локалните власти на Пакистан соопштија дека во експлозија на бомба загинале шест лица. Несреќата се случила на пат во областа Кади. Сите убиени и повредени се цивили. Според очевидци, бомбата била поставена во мотоцикл паркиран на страната од патот. Според првичните информации нападот бил насочен кон најмалку едно возило што превезувало воени регрути. Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за експлозијата досега.

Насилството во Пакистан се намали во последниве години, по серијата воени офанзиви против милитантите долж северозападната граница на земјата, но милитантните групи продолжуваат со смртоносните напади.

XS
SM
MD
LG