Достапни линкови

Столтенберг: КФОР ќе остане на Косово


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека КФОР ќе остане на Косово.

„Немаме план да заминеме. Улогата на КФОР во осигурувањето безбедност на Косово е важна,“ рече генералниот секретар на Алијансата.

Столтенберг појасни дека промената на мисијата зависи од состојбата на теренот.

„Промената на нашата мисија зависи од состојбата на теренот. Тоа засега не е на агендата. Ја следиме состојбата, а сега таа е таква што присуството на НАТО е потребно,“ рече Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Одговарајќи на прашањето како го коментира ставот на албанските политичари дека КФОР е пречка за формирање косовска војска, шефот на НАТО рече дека „каква било промена во врска со косовските безбедносни сили мора да биде исклучиво во согласност со косовскиот Устав.“

XS
SM
MD
LG