Достапни линкови

Трoјца пратеници во Шутка, а тројца во домашен притвор


Пратеникот Крсто Мукоски во Собранието

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов добија 30-дневен притвор, а на Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски им е одреден домашен притвор, објави попладнево Кривичниот суд.

Арнаудов, Мукоски и Василевски попладнево со полициско комбе и со полициска придружба беа однесени од Кривичниот суд. По нив од судот излезе и пратеничката Жаклина Пешевска, која без полициска придружба замина со друго комбе.

Шестемина пратеници денеска беа на распит пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава. Нив ги пречекаа и неколкумина нивни колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да им изразат поддршка. Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG