Достапни линкови

Заврши распитот на шестмината пратеници


Судијата на претходна постапка го заврши распитот на сите шест пратеници кои се осомничени во истрагата за насилствата од 27 ми април. По одземениот имунитет од Собранието, за нив важат истите рокови како и за останатите кои беа приведени за настаните од 27 арил. По завршување на распитот судијата на претходна постапка има рок од шест часа да им го врачи решението со одлука дали ќе им определи притвор или пак други поблаги мерки за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

Претходно, изјава за медиумите даде само пратеникот Крсто Мукоски.

„Како што гледате цело време сум достапен на Судот. Правно гледано ние милиме дека нема аргументи за притвор, меѓутоа Судот нека одлучи, веруваме во него," изјави Мукоски.

Пратеникот Сашо Василевски, пак на прашањето на новинарите што очекува денеска само кусо се заблагодари на поддршката од медиумите.

Пратениците беа пречекани од свои колеги и сопартијци кои се собраа пред судот за да им изразат поддршка.

XS
SM
MD
LG