Достапни линкови

Рочиштето за предметот „Тотал“ одложено за 7 декември


Основен суд Скопје 1

Судењето за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство во кое за даночно затајување е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латасе одложено за 7 декември.

Рочиштето е одложено бидејќи судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа поради тоа што не се определени законски застапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс.“

Одбраната денеска забележа дека дел од доказите на СЈО биле поднесени на недозволен начин, на што судијката одговори дека за тоа е надлежен судскиот совет кој одлучил да почне постапката.

Павловиќ-Латас во предметот „Тотал“ е осомничен за даночно затајување и се товари дека како сопственик и управител на фирми заедно со правни лица давале лажни податоци со намера да одбегнат плаќање даноци, со што го оштетиле буџетот.

XS
SM
MD
LG