Достапни линкови

Амбасадата на САД организира виртуелен состанок за борба против корупцијата


Архива - Амбасадорот на САД во Скопје Џес Бејли.

Амбасадата на САД во Скопје во соработка со американските катчиња во Македонија денеска во 18 часот ќе организира виртуелен состанок на кој ќе се дискутираат креативни начини за борба против корупцијата. Виртуелниот состанок се организира по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Целта е да се подигне свеста за прашања поврзани со корупцијата, за ефектите на корупцијата врз демократските институции, како и за тоа колку е важно властите да бидат одговорни пред граѓаните. Настанот во американското катче во Скопје ќе го отвори амбасадорот на САД Џес Бејли.

XS
SM
MD
LG