Достапни линкови

Судот за мерката притвор за пратениците на кои им е одземен мандатот


Од собраниска седница за одземање на имунитетот на шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопскиот кривичен суд, денеска напладне треба да ги сослуша шестемина пратеници на кои што им беше симнат пратеничкиот имунитет, потврдуваат дел од адвокатите на обвинетите. Судиите ќе решаваат дали ќе останат на барањето за мерка притвор за пратениците, како што тоа го бара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Пред судија на претходна постапка, треба да се појават пратениците: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски поради сомневање дека учествувале во настаните од 27 април оваа година.

XS
SM
MD
LG