Достапни линкови

Хан: Политичарите да ги почитуваат и да не ги коментираат судските одлуки


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан по состанокот со политичките лидери во Сараево повика во духот на европските вредности да се почитуваат пресудите на судот, истакнувајќи дека не сака да ја коментира одлуката на Хашкиот трибунал.

Хан ги повика политичарите во Босна и Херцеговина да ги почитуваат судските пресуди и да се воздржат од коментира на нивните содржини.

“Важно е да се почитуваат судските одлуки”, изјави Хан во врска со пресудата за воени злосторства против шест босански Хрвати изречена минатата недела.

До неговиот коментар доаѓа откако еден од осудените, генералот Слободан Праљак, изврши самоубиство непосредно по изрекувањето на пресудатa.

XS
SM
MD
LG